Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЕРБИТО ЗА ЈУВЕНТУС,РЕКОРД НА БУФОН

/

пред 2282 дена

Сподели преку :

Јувентус со убедливи 4-1 против Торино ги освои бодовите  на пат кон одбрана  на титулата во Италија.Во стартниот состав на Бјанко-нерите беше ветеранот Џиџи Буфон.42 годишниот голман  кој неодамна  го продолжи договорот со  Јувентус за уште една сезона,  го забележа рекордниот  648 настап во Серија А ,еден повеќе од Паоло Малдини.Јувентус поведе со 2-0   веќе по  половина час игра.Дибала во 2. минута се поигра со одбраната на гостите.Квадрадо во 29-та, го матираше Сиригу.Надеж  за Торино беше голот на Белоти од пенал во финишот на првото полувреме.Кристијано Роналдо  го врати Јувентус во комотна зона во 61-та со прецизен шут од 25 метри, што е прв гол на португалецот од слободен удар откако го носи дресот на Италијанскиот првак или после 43 неуспешни обиди.Во финишот,несреќната  интревенција на Џиџи,дефанзивецот на Торино ги постави финалните 4-1 за Јувентус.