Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриевски пред трансфер во Барселона?

/

пред 1744 дена

Сподели преку :

Во пресрет на јануарскиот преоден рок медиумите во Шпанија објавија дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можен трансфер во Барселона.

Чуварот на мрежата на Рајо Ваљекано во првиот дел од сезоната брани во одлична форма и е еден од најзаслужните за четвртото место на табелата.

“Димитриевски е најдобриот голман во лигата со највисок процент на одбранети удари кон неговиот гол. Има одлична година зад себе, не само во дресот на Рајо туку и во репрезентацијата на Македонија. Тој сигурно дека би бил резерва на Тер Штеген, но има квалитет и да биде прв избор на голманската позиција”, пишуваат медиумите во Шпанија.

Димитриевски со Рајо Ваљекано има договор до 2024 година, а се  очекува доколку Барселона покаже интерес за него висината на обештетувањето да биде меѓу 15 и 20 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски