ЕХФ ги објави насоките за сезоната во Европската лига.Во новоформираното клупско натпреварување што е трансформација на Купот на ЕХФ,12 екипи меѓу кои и Еурофарм Пелистер, според рејтингот имаат привилегија за директен пласман во групите. Девет екипи почнуваат од 2.коло квалификации а уште 30 тима,помеѓу кои се Металург и Бутел, за влез во групната фаза стартуваат од 1.квалификациско коло.Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 28 јули во Виена.Првото коло квалификации е закажано за 29 и 30 август.











