Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интер подготвува понуда за Марсијал

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Еден од приоритетите во летниот преоден за тренерот на Интер, Антонио Конте е ангажирање на ново име во нападот.

Меѓу првите на списокот на потенцијални кандидати е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал за кој Конте смета дека одлично би се вклопил во тимот играјќи во тандем со својот поранешен колега, Ромелу Лукаку.

Марсијал со тимот од Олд Трафорд има договор до 2024 година, а откупната клаузула измесува 68 милиони евра.

Трансферот на Французинот би се реализирал само доколку Лаутаро Мартинез си замине во Барселона.