На две недели пред одржувањето на жрепката за квалификациските кола во Лигата на шампионите и Лига Европа, дел од медиумите на Стариот континет најавуваат дека во УЕФА размислуваат овој дел од натпреварувањата да се игра на Кипар.
Причина за ова е вториот бран на пандемијата со Ковид 19 и фактот дека во повеќе земји расте бројот на инфицираните, а голем дел од клубовите поради забраните за движење нема да можат да отпатуваат на одредени дестинации.











