Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кобајаши со неверојатен скок од 141 метар го освои Оберздорф (ВИДЕО)

/

пред 1739 дена

Сподели преку :

Денеска стартуваше јубилејното 70-то издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, а победник на првото натпреварување во Оберздорф е Рјоју Кобајаши.

Јапонскиот ски-скокач победата ја оствари со неверојатниот скок од 141 метар во втората серија, бидејќи по првата беше само на петтото место.


На победничкиот подиум имаше место за двајца Норвежани. Халвор Егнер Гранеруд и Роберт Јохансон.

Во генералниот поредок во Светскиот куп води Карл Гајгер со 639 поени, пред Кобајаши, кој има 596.

Новогодишната турнеја продолжува во Гармиш на 31 декември за кога се закажани квалификациите, а официјалниот натпревар е на 1 јануари 2022 година.