Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Куманово втор македонски претставник во БИБЛ

/

пред 2262 дена

Сподели преку :

Македонската кошарка и официјално ќе има втор претставник во БИБЛ-лигата. По дебитантот ТФТ Тафталиџе, за учество во Балканското натпреварување се пријави и Куманово.

За разлика од ТФТ, кој ќе дебитира во Првата македонска кошаркарска лига и БИБЛ-лигата, Куманово има големо искуство од играње во регионалното натпреварување. Кумановци пред три години играа во финалната серија од БИБЛ, кога беа поразени од бугарски Берое. Ова би било вкупно шеста сезона во која Куманово ќе се натпреварува во лигата.

Новата сезона во БИБЛ се очекува да стартува во октомври и најверојатно ќе биде во формат од осум екипи или десет екипи и ќе се игра до април 2021 година. Засега освен двете македонски екипи не е познато уште кои други тимови од регионот ќе се натпреваруваат, бидејќи покани се испратени до федерациите на Бугарија, Албанија, Косово и Црна Гора.