Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кутињо конечно ја завршува агонијата во Барселона и се враќа во Премиерлигата

/

пред 1743 дена

Сподели преку :

Филипе Кутињо ќе остане запаметен како најскапиот фудбалер во историјата на Барселона, а воедно и најлошото засилување.

Во јануари 2018 година Каталонците на Ливерпул му платија 120 милиони евра обештетување и плус 40 милиони во бонуси за бразилскиот интернационалец. Кутињо не само што не ги оправда вложените средства и целосно разочара, па беше на позајмица во Баерн Минхен.

Сега Арсенал сака да го врати Кутињо во Премиерлигата, каде блескаше во дресот на „црвените“. Се шпекулира дека Барселона ќе прифати и обештетување од 40 милиони евра само да се ослободи од неговата огромна плата од околу 16 милиони евра годишно.