Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул со негатива од 60 милиони

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

Поради епидемијата со Ковид 19, Ливерпул е во негатива од 60 милиони фунти и се планира загубата да се покрие со дел од фондот на средства кои беа предвидени за ангажирање на нови фудбалери.

Токму тоа е една од причините поради која англискиот шампион се повлече од трансферот на Тимо Вернер, но како што пишуваат медиумите на Островот дел парите ќе се покријат со трансфери на тројца фудбалери кои летово ќе го напуштат клубот.

Се очекува 60-те милиони да се обезбедат од продажбата на Џердан Шаќири, Марко Грујиќ и Хари Вилсон.