Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Магнусен се врати во Ф1 по двегодишна пауза

/

пред 1669 дена

Сподели преку :

Кевин Магнусен ќе биде замената за Никита Мазепин во болидот на Формула 1 тимот. Хаас. Договорот на рускиот возач беше раскинат изминатиот викенд, а тимот ја прекина соработката и со главниот спонзор Уралкали, каде еден од челниците е токму таткото на Мазепин.

Магнусен добро го познава тимот на Хаас, бидејќи возеше во овој болид четири сезони од 2017 до 2020 година. Следната сезона ќе му биде партнер на младиот Мик Шумахер. Хаас имаше и други опции, но поради добрата соработка со Данецот изминатите години реши да му го понуди испразнетото место. Магнусен во својата кариера возеше и во Рено во 2016 година, а претходно една сезона беше дел и од Мекларен.