Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските надежи немоќни против Србија во Белград

/

пред 1660 дена

Сподели преку :

Младата фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Србија во рамки на 7.коло во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Нашиот северен сосед доминираше во првото полувреме на стадионот на Вождовац, а водство донесе Милош Пантовиќ во 9.минута од средбата откако беше оставен сам на втората статива и со глава го матираше Давид Денковски.

Македонија немаше некоја посериозна шанса, а Србите не реализираа два зицери во една акција и тоа откако Денковски на двата пати фантастично интервенираше.

Во второто полувреме, дефанзивецот Бесир Исени заработи исклучување поради втор жолт картон во 67.минута.

Немања Јовиќ во 82.минута зголеми на 2-0, а само една минута подоцна Македонија погоди по еден брз против напад преку Бојан Димоски.

Македонија по седум натпревари се наоѓа на 4.позиција во групата Х, Србија е трета со 8, додека лидер е Франција со 16 бодови, а во овие моменти игра против Фарски Острови на домашен терен. Дуелот помеѓу Ерменија и Украина очекувано е одложен поради воениот конфликт.

Фото: ФСС.рс