Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мандалиниќ: Имаме шанса да направиме чекор напред

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Еурофарм Пелистер вечерва од 18:45 часот го пречекува Шафхаузе, директниот конкурент за највисок пласман во групата.

Битолчани очекуваат дека нечот пред своите навивачи ќе успеат да забележат победа и да направат чекор напред во обезбедување на што е можно подобар пласман во пресрет на елиминациската рунда во Европската лига на ЕХФ.

“Знаеме каква екипа е Шафхаузен. Игравме со нив минатата сезона, а еве, сега пак ги имаме во групата. Се работи за сериозен противник, со многу добри поединци, но ние покажавме во меѓусебните натпревари дека имаме што да кажеме и дека ние не сме тим со кој ќе пројдат многу лесно. Се подготвувавме добро и мислам дека имаме добра прилика да направиме чекор напред за разлика од минатата сезона, така што не очекува интересен натпревар и ќе видиме кој ќе биде епилогот”, изјави Стипе Мандалиниќ.