Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неизвесен почетокот на Лига 1 во Франција

/

пред 2237 дена

Сподели преку :

За петок е закажан стартот на новата сезона во Франција, но поради зголемиот број на инфицирани фудбалери со Ковид 19 се доведува во прашање одигрувањето на првото коло.

Поради три нови случаи на инфицирани фудбалери со Ковид 19 во Олимпик Марсеј, челниците на Професионалната фудбалска лига во Франција решија да го одложат дуелот против Сент Етјен кој требаше да се одигра в петок и со него ќе се означеше стартот на новата сезона.

Според најавите натпреварот ќе се одигра на 16 или 17 септември, но и тоа зависи од епидемиолошката ситуација во клубот. Според последните информации во француските клубови во моментов има 40 фудбалери кои се позитивни на Ковид 19.

И покрај одлуката на владата на фудбалските натпревари да присуствуваат 5000 гледачи Ница реши дуелот со Ленс на стартот од шампионатот да го играат пред празни трибини.