Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема котизација за второлигашите

/

пред 2275 дена

Сподели преку :

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ – Исток, Втора МФЛ – Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19;

Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Прва МФЛ, екипите од најдобрата наша конкуренција.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги усвои листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021.