Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норвешка е апсолутен рекордер во Пекинг со 15 златни медали

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Норвешка на два дена до крајот на Олимписките игри постави нов рекорд по бројот на освоени златни медали, вкупно 15.

Со победата на Јоханес Тингес Бо денеска во биатлон на 15 километри, Норвешка го постави овој фантастичен рекорд од 15 златни медали или вкупно 34 со што ја потврди доминацијата на Зимските Олимписки игри во Пекинг.

Шест од златните медали Норвешка ги освои во биатлон, а најуспешни се Бо, кој има вкупно четири злата и Ројзеланд со три. Скандинавците имаат четири злата во крос-кантри, две во нордиска комбинација и по едно во скијање слободен стил, ски скокови и брзо лизгање.

На табелата на освоени медали, втора е Германија со 10 злата или вкупно 22 медали, САД се трети со осум злата или вкупно 21 медал.