Наоми Осака и Ким Клајстерс добија специјални покани за настап на ВТА турнирот кој требаше да се одржи во Синсинати, но поради епидемијата домаќин на натпреварувањето ќе биде Њујорк и е на програмата пред стартот на УС Опен.
Покрај поранешните водечки тенисерки на светската ранг листа меѓу учесничките се пријавени уште Венус Вилијамс, Слоун Стивенс и Кети МекНали. Турнирот во Њујорк ќе се одржи во периодот од 22 до 28 август.











