Доминик Парис стигна до својата шеста победа во кариерата во Бормио, откако денеска беше најбрз во спустот со време од 1:54,62 стотинки. На Италијанецот на победничкиот подиум друштво му прават двајца Швајцарци Марко Одермат и Нилс Хинтерман.
Парис е лидер во спуст со 227 бодови, пред Матијас Мајер, кој има 10 бодови помалку. Во генералниот пласман засега убедливо води Марко Одермат со 713 бодови, пред Мајер кој им 427.
Утре и задутре во Бормио се возат две трки во супер велеслалом.











