Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелистер поразен од Широки Бријег

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на Пелистер во првиот дуел од серијата натпревари што ќе се играат во Сараево во рамките од  АБА 2 лигата е поразен од Широки Бријег со 83:82.

На битолчани не им беше доволна и предност од 11 поени да ја прекинат низата од два порази во регионалното натпреварување и на крајот го забележаа четвртиот пораз во досегашниот тек од сезоната.

Во составот на Пелистер прв стрелец со 27 поени беше Никола Малешевиќ додека во редовите на Широки Бријег најефикасен исто така со 27 беше Лука Божиќ.

Утре нашиот втор претставник МЗТ Скопје ќе се соочи со Хелиос додека в среда Пелистер за противник го има Борац од Бања Лука.

ФОТО: Игор Паневски