Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати противниците на Вардар во елиминациската рунда

/

пред 1676 дена

Сподели преку :

Европската ракометна федерација соопшти дека Вардар со службен резултат го доби дуелот против Мешков Брест кој претходно беше дисквалификуван од настапите во Лигата на шампионите.

Без разлика на епилогот на последниот натпревар од фазата по групи против Елверум, Вардар ќе го освои петтото место и на едно коло пред крајот го обезбеди учеството во елиминациската рунда од елитното натпреварување.

Со оглед на пласманот на екипите во Б групата противник на “црвено-црните” во осминафиналето ќе им биде Веспрем кој овој сегмент од натпреварувањето го заврши на четвртата позиција.

Доколку составот предвоеден од Давид Дејвис успее да го мине првакот на Унгарија во четврт-финалето ќе се сретне од победникот од дуелот меѓу Алборг и Кил.