Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премија од 4,5 милиони евра за фудбалерите ако се пласираат на СП во Катар

/

пред 1655 дена

Сподели преку :

Фудбалската федерација на Македонија одлучи богато да ги награди фудбалските репрезентативци доколку вечерва успеат да ја елиминираат Португалија во финалниот бараж натпревари и со тоа се квалификуваат на Светското првенство во Катар.

Самиот пласман на Мундијалот ќе ја зголеми касата на Фудбалската федерација за 9,5 милиони евра. Куќата на фудбалот одлучила најголемиот дел од оваа награда да оди кај репрезентативците, кои меѓусебе ќе поделат премија од 4,5 милиони евра.

Ова е зголемување во однос на премијата што ја добија за Европското првенство минатото лето што изнесуваше околу 3 милиони евра. Фудбалерите добија и ветување од премиерот Димитар Ковачевски дека ќе добијат и награда од Владата во висина од 500.000 евра.