Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ за прво финале во ЛШ

/

пред 2237 дена

Сподели преку :

Со дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Лајпциг се отвора француско-германската пресметка во полуфиналето од шампионската лига. Францускиот првак по четврт век има шанса да се бори за трофејот во елитното натпреварување додека Лајпциг по само 11 години постоење ќе атакува на првото големо финале во кусата клупска историја.

Дваесет и четири години Пари Сен Жермен чека на пласман во финалето на едно од европските клупски натпреварувања, а исто толку долго го чека и вториот трофеј во клупската историја. Победникот во Купот на победниците на куповите од 1996 конечно има можност да се искачи на тронот во Лигата на шампионите.

Пред девет години на чело на клубот од француската престолнина дојдоа богатите сопственици од Катар и во овој период инвестираа скоро една и пол милијарда евра за конечно во десеттиот обид да стигнат на чекор до финалето и шанса да се борат за толку посакуваниот трофеј.

Откако во 2012 Пари Сен Жермен не успеа да ја мине фазата по групи следуваа четири пласмани во четврт-финалето и две елиминации во осминафиналето и сега конечно стигна меѓу четирите најдобри, а Лајпциг е последната пречка пред влез во големото финале.

Тренерот Томас Тухел може да смета на Анхел Ди Марија кој се враќа по паузата поради жолти картони, а од почеток на натпреварот во тимот ќе биде и Килијан Мбапе.

Марко Верати и голманот Кејлор Навас се надвор од конкуренција за првата постава, а неизвесен и настапот на дефанзивецот Левин Курзава.