Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работнички атакува на првата победа

/

пред 2240 дена

Сподели преку :

Денеска ќе се одигра вториот натпревар од второто коло во домашниот фудбалски шампионат. Работнички на арената Тодор Проески ја пречекува Беласица, а почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот.

Двата тима на отворањето од сезоната забележаа порази. Работнички на гостувањето против Македонија ЃП ги загуби бодовите со погодок примен во последните моменти од средбата додека Беласица на домашен терен доживеа дебакл во соочувањето со Силекс.

Во првиот натпревар од втората рунда Силекс и Пелистер играа без победник 2:2, а дуелот се играше порано бидејќи Кратовци на почетокот од следната недела ги очекува настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Останатите натпревари се играат в недела, а се среќаваат: Шкендија – Струга, Борец – Ренова, Академија Пандев – Вардар и Шкупи – Македонија ЃП. Сите мечеви почнуваат во 17:00 часот.