Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометниот Мундијал заврши за актуелниот шампион Холандија

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

По поразот од 37:34 во дуелот против Норвешка, бранителот на трофејот Холандија го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во женска конкуренција.

Место меѓу осумте најдобри обезбеди селекцијата на Шведска која претходно успеа да ја совлада Романија со 34:30. Во првиот натпревар од денешната програма во втората група од главната рунда Порторико славеше над Казахстан со 30:27.

Во првата група, првата позиција ја освои Франција по победата над Русија со 33:28 и тоа се двете селекции кои ги продолжуваат настапите во Шпанија.

Во првиот дуел од групата Полска славеше над Црна Гора со 33:28 додека Србија ја совлада Словенија со 31:25.

Утре на првенството се играат првите четвртфинални дуели во кои се среќаваат Данска – Бразил и Шпанија – Германија.

В среда на програмата се останатите две четвртфинални соочувања во кои играат Норвешка – Русија и Франција – Шведска.

ФОТО: Игор Паневски