Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ред Бул го надмудри Мерцедес: Ферстапен славеше во Франција

/

пред 1931 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Франција во Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул го престигна актуелниот светски шампион Луис Хамилтон во финишот на трката за да дојде до триумфот и да ја зголеми предноста во генералниот пласман. Денеска победи тактиката на австрискиот тим, кој се коцкаше со дополнително влегување во боксот, па Ферстапен со нови гуми успеа во финишот да го престигне својот најголем ривал, кој мораше да се задоволи со второто место на патеката „Пол Рикар“.

На подиумот се искачи и вториот возач на Ред Бул,  победникот од трката во Азербејџан, Серхио Перез, кој исто така во финишот го престигна Валтери Ботас од Мерцедес.

Поени освоија и двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, потоа Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Ленс Строл.

На врвот во генералниот пласман Ферстапен има 131 бод, Хамилтон е втор со 119, додека трет е Перез со 84 бодови.

Следната трка се вози во Австрија на патеката „Ред Бул ринг“ за Големата награда на Штаерска.