Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руските евролигаши домаќини на неутрален терен

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Инвазијата на Русија во Украина предизвикува и промени во текот на натпреварувањето во кошаркарската Евролига.

Поради руската воена интервенција вчера беа одложени два дуели, Уникс Казан и московска ЦСКА не ги одиграа мечевите против Басконија и Баерн, а денеска челниците на Евролигата решија трите руски екипи до крајот на сезоната своите натпревари како домаќини да ги играат на неутрален терен.

Покрај овие две средби одложен беше и дуелот меѓу Зенит и Барселона, а Каталонците одбија да гостуваат во Москва на средбата која беше на програмата в недела и за комплетирање на календарот ќе бидат утврдени дополнителни термини.