Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Свечено отворени Параолимписките игри во Пекинг

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Попладнево во Пекинг свечено се отворени 13-тите Параолимписките игри. Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Кина, Си Џи Пинг, а на церемонија присустуваше и првиот човек на параолимпиското движење Ендрју Парсонс.

На игрите што траат до 13 март ќе настапат 564 натпреварувачи од 46 земји кои ќе се борат за медали во 79 дисциплини, 39 во машка и 35 во женска конкуренција. Според бројот на пријавените учесници на Игрите ќе настапат 138 дами што е за пет повеќе од претходниот рекорд пред четири години во Пјонгчанг.

Најмногу претставници има Кина која е застапена со 96 параспортисти, а следуваат САД со 67 и Канада со 49. Со 60 години највозрасен учесник е Пем Вилсон која ќе дебитира на Игрите,а најмлад натпреварувач е со 15 години е скијачката од Австрија, Елина Стари.

По одлуката на Интернационалниот олимписки комитет поради инвазијата врз Украина забрана за настап добија спортистите од Русија и Белорусија.