Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силекс ќе дебитира во Лигата на шампионите

/

пред 2290 дена

Сподели преку :

На денешната седница на Управниот одбор, Фудбалската федерација на Македонија ги одреди клубовите кои во следната сезона ќе не претставуваат во натпреварите во организација на УЕФА.

Бидејќи водечката екипа во првенството до неговото прекинување, Вардар не доби лиценца за настап во меѓународните натпреварувања, Македонија во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе ја претставува второпласираниот Силекс.

Во квалификациите за Лига Европа ќе партиципираат Шкендија и Ренова додека местото што го обезбедува победникот на Купот, кој оваа сезона не се комплетираше го доби Шкупи кој во моментот кога се прекина првенството се најде на петтата позиција.

На денешниот состанок беше решено новото првенство да почне на деветти август, а првото елиминациско коло во Купот ќе се игра на 23 септември. Доколку постојат услови редовното годишно собрание тоа ќе се одржи на 12 следниот месец.