Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скапи протоколи за безбедност во Италија

/

пред 2253 дена

Сподели преку :

Претседателот на Кошаркарската федерација на Италија, Умберто Гандини најави дека следната сезона за клубовите ќе биде најтешка во историјата.

Претходниот шампионат не го доживеа крајот што драстично ја загрози солвентноста на клубовите, а лошата финансиска состојба допрва ќе се почувствува од причина што на натпреварите нема да има гледачи, а се очекуваат и намалени приходи по сите основи.

Дополнително финансиско оптоварување ќе биде и ригорозниот здравствен протокол според кој играчите и тренерите ќе мора да се тестираат на секои четири дена што значи дека трошокот по оваа ставка ќе биде 100.000 евра за секој клуб до крајот на сезоната.