Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судиски манипулации на ЛОИ во Рио

/

пред 1829 дена

Сподели преку :

Претседателот на Светската боксерска федерација, Умар Кремљов соопшти дека со истрагата што била спроведена во последниве неколку месеци утврдено е дека на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро биле детектирани судиски малверзации на седум до десет меча.

“Екипата на професорот Ричард Мекларен во текот на истрагата утврдиле дека на боксерскиот турнир на Олимписките игри во Рио неколку судии манипулирале со резултатите на одреден  број на мечеви. Ги чекам деталите од истрагата, а потоа ќе решаваме за следните чекори и какви санкции ќе преземеме за сите што биле вклучени во овој скандал” , изјави Кремљов.