Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тестиран анти-ковид системот во Торино

/

пред 2263 дена

Сподели преку :

Пред дуелот меѓу Торино и Верона, на Олимпискиот стадион беше тестиран анти-ковид системот кој ќе се употребува од моментот кога владата ќе дозволи влез на навивачите на трибините.

Системот беше тестиран на новинарите кои беа акредитирани за овој натпревар и при влезот на стадионот им се проверува телесната температура, се следи дали лицето носи заштитна маска и на крајот мора да минат низ простор каде се врши дезинфекција.

Доколку еден од овие елементи не е ги задоволува стандардите системот реагира и на лицето нема да му биде дозволен влез на стадионот.