Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триумф на Хамилтон во Имола, титулата во конструктори за Мерцедес

/

пред 2162 дена

Сподели преку :

Актуелниот светски шампион и водечки во генералниот пласман во Светскиот шампионат во формула 1, Луис Хамилтон триумфираше на трката во Имола и по 93-ти пат во кариерата се искачи на највисокото место на подиумот.

И покрај лошото отворање на трката Британецот на крајот успеа прв да мине низ целта забележувајќи ја деветтата победа во текот на оваа сезона.

Второто место му припадна на неговиот тимски колега Валтери Ботас со што ја потврди доминацијата на Мерцедес кој по денешната трка ја освои седмата титула во конкуренција на конструктори.

Трет беше Даниел Рикиардо додека меѓу петте најдобри се пласираа уште Даниел Квјат и Шарл Леклер.

Во генералниот пласман за Светскиот шампионат, Хамилтон води со 282 бода, 85 повеќе од Ботас додека на третата позиција со 167 е Макс Ферстапен.