Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА планира нов формат на завршницата во ЛШ и ЛЕ

/

пред 2175 дена

Сподели преку :

Челниците на УЕФА очигледно задоволни од завршницата на последното издание од Лигата на шампионите и Лига Европа размислуваат овој систем на натпреварување во иднина да се применува во битката за трофеите.

Една земја домаќин, решавање на победникот во еден натпревар очигледно привлече големо интерес кај љубителите на фудбалот и токму тоа е причина во УЕФА да се размислува овој систем кој летово беше применет поради пандемијата во иднина да биде имплементиран на подолг рок.

Идејата ќе се разгледува во следниве неколку години, а примената би можела да почне од 2024 година бидејќи тогаш завршуваат договорите со сопствениците на телевизиските права кои во овој период ќе плаќаат за одреден број на натпревари односно за емитување на директни преноси од елиминациската фаза во која се играат по два меча.

“Имаме одлични реакции од клубовите кои беа задоволни од системот што го применивме во Португалија и Германија. Задоволни се и телевизиските компании кои емитуваа директни преноси од завршниот турнир. Токму од тие причини во следниов период ќе ја анализираме целата ситуација и имаме доволно време да донесеме одлука”, изјави генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.