Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ф1 го комплетираше календарот за 2020 година со нови четири трки

/

пред 2230 дена

Сподели преку :

Ковид-19 направи многу проблеми во календарот на Формула 1, па сезоната наместо во март во Австралија започна во јули во Австрија. Челниците на најпрестижното автомобилистичко натпреварување денеска го објавија конечниот календар, односно го дополнија со четири завршни трки, а тоа се Турција, Бахреин, кој ќе биде домаќин на две трки, а финишот ќе биде во Абу Даби.

Досега се извозеа шест трки, по две во Австрија и Велика Британија и по една во Унгарија и Шпанија. Овој викенд на ред е белгиското Гран При на легендарната патека „Спа“. Во септември следуваат две трки во Италија, Монца и Муџело, потоа на ред е германското Гран При на „Нирбургринг“ на 11 октомври, а две недели подоцна е Големата награда на Португалија. Европската сезона завршува со трета трка во Италија и тоа во Имола.

Во Турција  ќе се вози на 15 ноември, а потоа во Бахреин ќе има трки на 29 ноември и 6 декември. Финалната трка во сезоната е на 13 декември во Абу Даби.