Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФА ќе отпушти 124 вработени

/

пред 2286 дена

Сподели преку :

Поради лошата финансиска ситуација предизвикана од пандемијата со Ковид 19, Англиската фудбалска асоцијација најави дека ќе биде принудена да им врачи отказ на 124 вработени.

Извршниот директор на асоцијацијата, Марк Билингам соопшти дека загубата во моментов изнесува 300 милиони фунти и дека намалувањето на бројот на вработените е едно од решенијата за извлекување од оваа тешка ситуација.

Тој најави дека наскоро ќе бидат соопштени и другите потези со кои ќе намалат трошоците, а се со цел да се стабилизира финансиската состојба на организацијата.