Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фудбалот се враќа на терените во Македонија

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

По четири месеци пауза фудбалот повторно ќе се врати на терените во земјава. Фудбалската федерација ги утврди термините за одигрување на бараж мечевите за пласман во втората лига.

Денеска беа одредени двојките за пополнување на втората фудбалска лига. На седми овој месец на Градскиот стадион во Тетово Чаклани ќе се соочи со Фортуна, три дена подоцна Чаклани игра против Велешта додека на 13 јули Велешта се среќава со Фортуна.

На 10 јули во Штип, Росоман за противник ја има Слога од Виница. Сите натпревари стартуваат од 17 часот и ќе се играат без присуство на гледачи, а клубовите се должи да ги почитуваат сите мерки и препораки што се наоѓаат во Протоколот за заштита на здравјето.