Хави Гарсија е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Валенсија. Педесет годишниот тренер на чело на екипата од Местаља доаѓа откако кон крајот на минатата година доби отказ на менаџерската функција во Вотфорд.
Гарсија кој како фудбалер настапувал за Атлетик Билбао, Лерида, Ваљадолид и Реал Сосиедад, а како тренер работел во Кадиз, Алмерија, Осасуна, Малага и Рубин Казан со Валенсија потпиша договор на две години.











