Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ХАМИЛТОН ОСВОИ ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА МОНЦА СО РЕКОРДЕН КРУГ ВО Ф1 ИСТОРИЈАТА

/

пред 2219 дена

Сподели преку :

Британецот Луис Хамилтон постави нов рекорд на Монца што е воедно и најбрз круг во историјата на Формула 1.Пилот на Мерцедес ја освои пол позиција во квалифиkациите  за Италијанското ГП возејки просечно преку 264 километри на час.

 

Возејки круг на Монца со рекордни 1.18.887 ,Луис Хамилтон го заврши денот  со 94 пол позиција во кариерата,7-ма на легенадрниот автодром и 6 сезонава.Британецот имаше сериозен ривал во клупскиот колега Валтери Ботас.Финецот беше побаве  за само нецела десетинка од секундата.Изненадивачки брз беше новиот пилот на Ферари за 2021 и актуелен возач на Мекларен,Карлос Сајнц Јуниор.Шпанецот ќе стартува од 2. ред покрај Серхио Перез од Рејсинг Поинт.Макс Ферстапен на Ред Бул и Ландо Норис  од Мекларен ги освоија следните две позиции,5 и 6 место.Целосно потрфли тимот на Ферари.Скудериа на домашната патека имаше 13. време на Шарл Леклер и 17. на Себастијан Фетел.Во пресрет на 8.трка од сезоната,Хамилтон е водечки со 157 бодови,пред Ферстапен кој има 110.Трет е Ботас со 107 бодови.