Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хокеарите решаваат за настапот на ЗОИ во Пекинг

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

Иако челниците на Американско-канадската лига начелно дадоа согласност хокеарите да настапуваат за националните тимови на Игрите во Пекинг сепак конечната одлука треба да ја донесе асоцијацијата на играчи која треба да се состане до крајот на овој месец.

Според колективниот договор хокеарите имаат право да учествуваат на Олимписките игри, но големо влијание врз конечната одлука има протоколот за превенција од ширењето на корона вирусот во Кина и времетраењето на задолжителниот карантин пред заминувањето за Пекинг бидејќи тоа може да влијае врз календарот на одигрувањето на натпреварите во лигата.