Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хотелите во Пекинг почнаа со примена на протоколите

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

Точно на полноќ по локално време хотелите во кои ќе бидат сместени членовите на делегациите на националните олимписки комитети, акредитираните новинари и поканетите гости влегоа во затворениот систем со кој се прекинува секаков контакт со надворешната средина.

На две недели пред почетокот на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг, 82 хотели во кинеската престолнина и градовите Јан Кинг и Жанг Џија Ку почнуваат со имплементација на протоколите за спречување на ширењето на корона вирусот.

Сите сместувачки капаците влегуваат во таканаречениот балон и сите што ќе бидат сместени во нив нема да можат да се движат надвор од предвидените зони, а транспортот до борилиштата ќе биде специјално организиран со што ќе биде спречен секаков контакт со надворешната средина.

Според протоколите секој од акредитивните новинари, членови на делегациите и гостите ќе мора да се тестира во идентични периоди како и натпреварувачите, се предвидува и користење на посебна апликација со која ќе се следи здравствената состојба на сите оние кои ќе бидат дел од најголемото спортско натпреварување.