Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ останува лидер на АТП листата

/

пред 2175 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ и натаму е лидер на АТП листата со скоро две илјади бода предност во однос на Рафаел Надал.

Доминик Тим и оваа недела останува на третото место, Роџер Федерер е четврти додека на петтата позиција изби Стефанос Циципас, кој за едно место го потисна Данил Медведев.

Седми на последната АТП листа е Александер Зверев, а скок од две места бележи Андреј Рублев. Меѓу десетте најдобри влезе Аргентинецот, Диего Шварцман кој од 14-тото се искачи на деветтото место, а листата од 10 најдобри ја комплетира Матео Беретини од Италија.