Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиев: Бодовите ги освоивме, но мораме да играме подобро

/

пред 2090 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација со победа против Босна и Херцеговина ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство.

Играта на нашиот национален тим не беше на посакуваното ниво, но барем за почеток најважно што стартувавме со победа, а по еден ден одмор утре не очекува соочувањето со Турција и комплетниот состав најавува подобро издание и игра на повисоко ниво.

“Искрено очекував полесен натпревар, но според моето искуство токму првите мечеви се најтешки. Задоволен сум што успеавме да победиме, да ги освоиме првите бодови. Сега притисокот е помал и токму тоа ќе биде клучниот фактор за кревање на нивото на играта на дуелот против Турција. На целиот меч против Босна и Херцеговина не игравме онака како што знаеме. На контролните дуели со Бугарија покажавме дека можеме да играме далеку подобро во сите сегменти од играта и сметам дека во продолжението на турнирот ќе бидеме далеку подобри”, истакна Ѓорѓи Ѓорѓиев.

За нашите одбојкари денеска е слободен ден, а на квалификацискиот турнир во Скопје во второто коло попладнево од 18 часот ќе се соочат селекциите на Турција и Босна и Херцеговина.

ФОТО: Игор Паневски