Северна Македонија има постигнато значителен и суштински напредок во делот на борбата против корупцијата со што повеќе не е во групата на глобално незадоволителни држави, соопшти вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Земјата имплементирала најголем дел од греко стандардите.
Тој вети дека при изборот на новите раководни кадри пресуден ќе биде нивниот професионализам.











