Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авион на „Луфтханза” не полета од аеродромот во Софија поради птици во моторот

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Патнички авион на германската авио-компанија „Луфтханза“, што утринава требаше да лета од Софија за Франкфурт, остана приземјен откако птици влегле во еден од неговите мотори, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во инцидентот нема жртви, а патниците потоа биле упатени на други летови.

Од аеродромската управа соопштуваат дека на турбината на авионот на германската авио-компанија имало констатирани помали оштетувања.