Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бислимоски: Апелираме да се врати нормалното напојување со електрична енергија во целата држава

/

пред 1756 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави денеска за МИА претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој напомена дека веќе во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но апелира за преземање на дополнителни мерки.

-Занеме дека веќе се преземаат сериозни активности, и дека во услови каде што има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но, уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава, изјави Бислимоски.