Републиканскиот кандидат за претстојните американски претседателски избори и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, изјави за време на кампањата за претседателската номинација дека ги предупредил сојузниците во НАТО дека ќе ја охрабри Русија да им направи што сака, на земјите кои не плаќаат за заедничката заштита од Алијансата. Говорејќи на митинг во Конвеј- Јужна Каролина, Трамп раскажа што претходно му кажал на претседател на земја членка на НАТО, кој се судрил со него, поради неговата закана дека нема да ги брани членовите на Алијансата кои не ги плаќаат трошоците за одбраната. Овој пат Трамп отиде подалеку, велејќи дека му рекол на претседателот на земјата членка на НАТО дека всушност ќе ја охрабри Русија да постапи како што сака во тој случај.
- Има 200, има 250. Јас го направив истото со НАТО, ги натерав да платат. НАТО беше разбиен пред да дојдам јас. Реков: „ Сите ќе платат.“ Тие ми рекоа : „ Па, ако ние не платиме, дали се уште ќе се штитите?“. Реков, апсолутно не! Тие не можеа да поверуваат во одговорот и сите…Никогаш не сте виделе да се слеваат повеќе пари. Не знам дали е веќе генерален секретар (Јенс) Столтенберг, но тој беше мојот најголем обожавател. Тој рече: „ Сите овие претседатели дојдоа, ќе одржат говор, ќе си заминат и тоа е тоа. И сите должеа пари и не сакаа да ги платат.“ Влегов, одржав говор, велејќи: „ Мораш да платиш! “ Ми го поставија тоа прашање, еден од претседателите на голема земја стана и рече:„ Па, господине, ако не платиме, а не нападне Русија, ќе сакате ли да не заштитите?“ Му реков: „ Не си платил? Ти си деликвент?“ Тој кажа , да. Да речеме ако тоа се случи, не, нема да ве заштитиме. Всушност , јас би ги охрабрил да прават, што по ѓаволите, сакаат. Мораш да платиш , мораш да ги платиш своите сметки. И парите се слеаја внајтре, рече Трамп.
Според портпаролот на Белата куќа, со коментарите Трамп „ја охрабрил инвазијата на нивните најблиски сојузници од убиствени режими и ги нарече коментарите ужасни и неоправдани и дека „ја загрозуваат националната безбедност на САД, глобалната стабилност и домашната економија“.
Коментарите на Трамп следуваат откако Украина остана заглавена во напорите да ја спречи двегодишната инвазија од Русија, зашто Републиканците во Конгресот станаа се поскептични за дополнителна помош на земјата, додека се бори со застојот на контраофанзивите и недостатокот на оружје.Трамп и неговиот тим се повеќе се уверени дека тој ќе ја зацврсти номинацијата во следните недели , по победите во првите гласања од календарот за номинација на Републиканците за годинашните претседателски избори.
Сотир Трајков











