Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас денеска ослободува нови 14 заложници, Израел пушта 42 затвореници

/

пред 1069 дена

Сподели преку :

Египет доби список од Хамас со 14 заложници кои треба да бидат ослобедени во текот на денот, објавија безбедностните служби во Каиро.

Затворската служба на Израел соопшти, пак, дека добила листа со 42 Палестинци, обвинети за тероризам, кои денеска ќе бидат пуштени на слобода како дел од договорот со Хамас, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се додава дека затворениците ќе бидат префрлени во затворот Офер во Рамала на лекарски прегледи што ги прават тимови на Црвениот крст. Тие ќе бидат пуштени по ослободување и идентификување на заложниците од Газа.

Во меѓувреме се огласија и властите во Тајланд кои истакнаа дека уште 20 државјани на земјата се наоѓаат во заложништво на Хамас. Палестинската милитантна група вчера ослободи 10 тајландски државјани кои ќе се вратат во родната земја по 48-часовниот престој во болница.