Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел би можел да ги нападне иранските нуклеарки – САД пресретнале разузнавачки информации

/

пред 515 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави пресретнале разузнавачки информации што укажуваат дека Израел подготвува напад врз иранските нуклеарни постројки, во време кога администрацијата на Доналд Трамп се обидува да постигне дипломатски договор со Техеран, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на изјави на повеќе американски претставници.

Според нив, таков напад би бил јасно кршење на политиката на претседателот Трамп и би можел да предизвика поширок регионален конфликт на Блискиот Исток, нешто што Вашингтон се обидува да го избегне уште од почетокот на војната во Газа во 2023 година..

Иако не е јасно дали израелското раководство донело конечна одлука, постојат длабоки поделби во рамки на американската администрација околу тоа дали Израел воопшто ќе дејствува. Меѓу другото, американските служби забележаа преместување на воздушното оружје и завршување на големите воени вежби во Израел, што би можело да биде и порака до Техеран за сериозноста на заканата или едноставно обид за создавање притисок.