Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема тешки последици за Израел по нападот од Иран

/

пред 917 дена

Сподели преку :

Преку 300 дронови , крстаречки и балистички ракети се употребени во синоќешниот напад на Иран врз Израел но нема поголеми штети  и последици бидејќи поголемиот број се соборени  со израелскиот систем за против воздушна одбрана во соработка со стратешките партнери објави израелската војска .

Само мал дел од проектилите земја земја го погодиле Изрел а рането е едно девојче а нанесена е и штета на еден воен објект на југот на Израел.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека 99 отсто од околу 300 проектили истрелани од Иран кон Израел во текот на ноќта биле пресретнати од воздушната одбрана.

„Пресретнавме. Блокиравме. Заедно ќе победиме“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пораката на мрежата Икс по синоќешниот напад на Иран.