Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот Скада систем ќе ги намали загубите на вода низ водоводната мрежа во Штип

/

пред 671 дена

Сподели преку :

Новиот Скада систем ќе ги намали загубите на вода низ водоводната мрежа во Штип. Системов ќе врши контрола, мониторинг на водата за пиење, односно каде се губи откако излегува од Филтер станицата. Штипски „Исар“ по основ на загуби на вода поради старата и дотраена мрежа, но и дивите приклучоци годишно губи околу  2,5 милиони евра. Водата не се фактурира, но трошокот е направен и се плаќа од страна на претпријатието и граѓаните.

 –Тоа е комплексен систем кој ќе биде потавен на 37 контролни точки. Ќе се изведува компјутерски преку специјален софтвер и ќе може сите тие дефекти и загуби на вода во кои спаѓаат и кражбите, навремено да се детектираат и да се преземат соодветни мерки за да се спречат, вели Арсовски.

Граѓаните во високите зони на Штип веќе две децении секое лето, кога има дефекти на главната и секундарната линија живеат со  буриња и шишиња полни со вода, а со техничка вода се снабдуваат од цистерни. Штип има доволни колични на вода, но по приклучувањето на Хидросистемот „Злетовица“ поради силниот притисок често пукаат старите, дотраени цевки. Локалната власт вети дека во 2025 година проблемов ќе биде решен со ставање во фукнција на Линија два и изградбата на резервоарите во населбите Пребег и Мерите.

„Линија 2 е веќе комплетно поврзана, се прават последните подготовки за поврзување до локацијата каде се планирани двата резервоара и со тоа откако ќе бидат изградени двата резервоара ќе биде ставена во функција…За резервоартите „Мери„ и „Пребег„ се издвоени средства од самопридонесот. Со нив ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Штип, со немањето на доволно капацитет во постоечката инфраструктура за водоснабдување„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

За решавање на проблемот со водоснабдување на населбите во високите делови на градот се инвсетираат  два милиони евра, од кои 1.100.000 се од Програмата Тав за линија два, а за двата резервоари 900.000 евра се обезбедени од самопридонесот.

 

Викторија Јованова