Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди  за сообраќаен надзор.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Во првата недела од предвидениот период активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје.

– Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности – се наведува во соопштението од МВР.